МВР во акција: Кривична пријава против 12 лица, меѓу нив стечајни управници, управители, банкари, инспектори

0
124

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 12 лица и тоа: М.Т.(75) од Кратово, И.Д. (42) од Скопје, С.Н. (52) од Скопје, Ј.П. (65) од Скопје, Д.Ф. (49) од Скопје, В.Н. (64) од Велес и Д.К.-С. (64) од Скопје – за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, од член 353 вв со член 45 и „оштетување или повластување на доверители“, од член 257 од КЗ. Кривични пријави се поднесени и против С.Т.(47) од Охрид, В.Д.(57) од Свети Николе, Р.С.(54) од Скопје и Ц.Т.(39) од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ, како и против Ж.А.-М.(47) од Крива Паланка, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ од член 353-в од КЗ.

М.Т. во период од 2007 до 2011, во својство на стечаен управник на АД ЗИК ЛОЗАРО – ОВОШТАРСТВО И ПРЕРАБОТКА Куманово, во стечај, со намера за себе и за странското правно лице од Британски девствени острови, како и за домашни правни лица – ВИНАРСКА ВИЗБА КОКИНО и САНТАЛ, двете од Куманово, спротивно на Планот за реорганизација, во кој стриктно било наведено дека новите правни друштва требало да вложат сопствени средства во износ од 2,2 милиона ЕУР, додека 1,6 милиони ЕУР да обезбедат преку подигање на кредит, им овозможил да подигнат кредит од 3,5 милиони ЕУР, заложувајќи го целокупниот имот на АД, кој бил проценет на 9,1 милиони ЕУР.

Тоа е износот за кој го оштетил АД, а притоа се стекнале со противправна имотна корист од 1,9 милиони ЕУР, истовремено задржувајќи ги целосно своите сопствени средства во износ од 2,2 милиони ЕУР, предвидени за инвестирање. М.Т. дополнително им овозможил на наведените домашни правни лица да користат земјоделско обработливо земјиште без да плаќаат закупнина на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ (МЗШВ), во вкупен износ од 3,4 милиони денари, за кој износ е оштетен буџетот на РСМ.

Извор: курир.мк