МВР: Казнети 386 лица за неносење на маска

0
16

Во текот на изминатото деноноќие (22/23.02.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 386 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.