Милошоски: Во МНР нема записник од разговорите меѓу Заев и „Порошенко“

0
42

Пратеникот Антонио Милошоски од свои извори дознава дека во МНР не постои архивиран записник од разговорите меѓу премиерот Зоран Заев и лажниот Петро Порошенко и лажниот Столтенберг, како што тврдеше премиерот Зоран Заев на вонредната прес-конференција одржана на 9 јули.

„Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та).

Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање!“, пишува Милошоски на Фејсбук.