Милошоски: Го знам Стево 19 години, никогаш не бил нервозен и напнат како на денешната дебата

0
38

Го знам Стево Пендаровски од 2000 година и како портпароли заедно сме биле пред камерите на десетици новинари во кризната 2001, но и на ТВ расправи за политика во изминативе 15 години.

Но, никогаш досега не сум го видел Стево така НЕРВОЗЕН и напнат, како на денешната ТВ дебата на Сител (Детектор).

Има нешто, а што е тоа, тој најдобро си знае.

Сега во 23:30 повторно ќе ја гледам РЕПРИЗАТА на Сител! – вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го коментираше настапот на кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, на вчерашната дебата со Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

Извор: republika.mk