Милошоски: Димитров држи лекции за слобода на медиуми, а бега од новинари

0
93

Утре во 12:30 во МНР, амбасадорката на Украина и министерот Никола Димитров, ќе потпишат важен меѓународен договор за безвизен режим.

Невообичаено за вакви битни договори, во сценариото не се предвидени изјави за медиумите од министерот и амбасадорката. Зарем е толку незгодно да се излезе пред новинарите и јавноста? Но, доколку новинарите се малку поупорни, сигурен сум дека можат да го премислат министерот Димитров, кој само пред два дена во Лондон држеше лекција за транспарентност и слобода во медиумите! – рече Антонио Милошоски.