Мисајловски: Бришењето на историјата од образовниот систем е еклатантен пример за распродавањето на националните интереси, тоа не смее никако да се дозволи

0
53

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Што не е јасно?” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој зборуваше за лошите владини политики во однос на економската и здравствена криза, измените во образованието, како и договорот со Бугарија од кој за возврат Македонија доби вето.

Мисајловски вели дека реформите во образованието нема да го подобрат моменталното образование, ниту пак најмладите ќе учат по некој нов и софистициран систем од кој ќе научат нешто повеќе. Единствената цел на оние кои што го менуваат образованието е да се создаде една нова слика за државата, да се создаде нова историја која што денешните млади ученици утре ќе го пренесат на нивните деца. Тоа е поразително и страшно, вели Мисајловски.

“Замислете, еден дедо и татко, ќе имаат сосема поинаква перцепција за историјата на Македонија од онаа која што ќе ја има синот, односно внукот. Тоа е сосема нелогично. Не може историски факти да се менуваат по потреба на политичари и политички препирки. Во историјата јасно се знае дека она што е еднаш запишано, не се изменува, поради тоа што за истото постојат записи и докази”, вели Мисајловски.

Доколку постојат потреби за реформи во образованието со цел да се подобри образовниот систем во државата, тогаш за истите реформи треба да разговараат луѓе од фелата, професори кои ќе се залагаат за силно образование, а не за додворување кај политичарите. Менувањето на историјата не е мала работа, напротив е незамислива, додаде Мисајловски.

Случајот пробува да се задскрие, реформите сакаат да се случат тивко и без многу фама. Но, на тоа не смее да му се премолчи и да се дозволи, бидејќи тоа е сериозно извитоперување на историјата на државата, заврши Мисајловски.