Михајловски: Ректот не е почнат од Боки 13 туку од првиот ден кога тогашната опозиција ги добива бомбите

0
173

Во вечерашната емисија „Јади бурек“ членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски истакна дека аферата „Рекет“ не е започната од Бојан Јовановски познат како Боки 13-ка, туку од оној момент кога тогашната опозиција СДСМ ги добива незаконски прислушкуваните материјали и доаѓа на идеја да изнудува пари.

-СДСМ некои бомби ги пријавија,а легендата вели дека сокриени се 2 милиони бомби. Некои политичари и од ВМРО-ДПМНЕ кои не се појавуваат во бомбите, а биле на многу високи министерски места, дали за здравство дали за образование, не е битно ама дебело се искеширале. Значи рекетот започнува во моментот кога доаѓа оваа структура на власт. Ректот не е почнат од Боки 13-ка, туку од првиот ден кога тогашната опозиција ги добива бомбите. Уште пред да дојдат на власт почнуваат со рекет. Легендата вели дека на пар луѓе, слушајќи ги нивните љубовни разговори им ги растурија браковите. Уценувањето дека ќе ти ги пуштам овие бомби ако не молчиш или ако не се повлечеш или ќе платиш толку пари.

Пак ќе речам легендата вели дека некои си платиле за да не им се пуштаат бомбите, да не бидат слушнати и си ја купиле тишината. И од тогаш почнува фактички рекетот. Во тие пак, 2 милиона бомби, вели Михајловски.

Михајловски рече и дека е сигурен дека ги има и разговорите на СДСМ.

-Како они се договарале и какви они пазарења правеле во време на опозиција и какви сценарија они смислувале за да дојдат на власт. Тие бомби не се безбедни сигурен сум, сигурно тој што ги пратил има некаде некој бекап, тоа сите го знаеме. Така да, тој бекап прашање е на време кога ќе излезе и кога ќе пукаат нови бомби, рече Михајловски.

Извор: курир.мк