Мицковски: Зоки допрва ќе види што е изгорена земја околу него

0
91

Зоки допрва ќе види што е изгорена земја околу него, луѓето бегаат веќе и сами, настрана колку успеа да ги избрка или оддалечи со лоши политики и себични тесни интереси на неговата партиска клика, коментира на Фејсбук политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

За некој што лажеше дека два пати добивме датум за ЕУ, дека не чека бесплатно здравство и што не друго, сега кога знае дека европскиот наратив се помалку лепи и кога Бугарите се непопусливи, почнува да збори дека не ни требало ЕУ без национален идентитет.

Ало Грујо, ти ли си?!

Зоки допрва ќе види што е изгорена земја околу него, луѓето бегаат веќе и сами, настрана колку успеа да ги избрка или оддалечи со лоши политики и себични тесни интереси на неговата партиска клика.

Опозицијата е ужасна и понатаму, ама не е добро ни за земјата да одгајаме второ, дотолку повеќе, неспособно и лажливо Наполеонче.

Тешко дека до локалните нешто ќе се смени во очајната економска, политичка и здравствена состојба, ќе мора премиерот многу пари да фрла за да оддржи нешто од оние околу себе, како што сака со медиумите и рекламите да прави, ама тешко дека и тоа ќе помогне.

Да, политичката сцена ќе се размрдува и тоа највеќе заради мртвилото и неспособноста на Заев.

Имаа оваа земја вистинска и политичка и интелектуална опозиција, сега има и шанса конечно да се структурира, пишува Мицковски.