Мицкоски: Ако Гоце Делчев беше жив, Власта ќе го прогласеше за антизападен и ќе го омаловажуваа

0
186

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Твитер профил напиша порака поврзана со годишнината од смртта на најголемиот син на Македонија, Гоце Делчев.

Денеска се одбележуваат 118 години од неговата смрт кај селото Баница.

Мицкоски во објавата напиша дека доколку тој беше жив, сигурно од власта на Заев ќе бил прогласен за антизападен, ќе бил скандализиран и омаловажуван.

– Тој е се што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија!, напиша Мицкоски.