Мицкоски: До мене стигна информација дека Катица била готова

0
209

Во текот на вчерашниот ден до мене стигна информација дека готова била Катица и дека прашање на денови е кога ќе завршела во притвор…, ајде мајката…, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во новиот фејсбук коментар за случајот „Рекет“.

Тој коментира дека сето ова околу „Рекет“ делува прозаично без нималку навигација за полесно де лоцирање на одговорноста „како на пример дали оние двајцата осомничени или нивниот нов цимер (прашање на денови) можеа ова да го прават без огромна поддршка од Кики, Фрики, Шеки и Зоки Поки, дали беше толку тешко да се стигне до телефонот на новиот потстанар во Шутка па беа потребни денови, случајот е пријавен во февруари/март со доказите, а се чекаше јули/август да се лоцира каква таква одговорност“.

Мицкоски: Месеци ја делат Македонија од вистинската обнова, а тие кои се огрешиле пред законот да понесат одговорност