Мицкоски до тимот на „Медена земја“: Македонија се промовира со дела, а ние сме горди на вас!

0
30

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ им го честита успехот на екипата која го создаде документарниот филм „Медена земја“, кој денеска е номиниран во две категории за најпрестижната филмска награда „Оскар“ – најдобар документарец и најдобар странски филм.

Првпат еден документарен филм е номиниран во две категории за „Оскар“, а со ова тимот испишува нова историја во македонската кинематографија.

Искрени честитки до тимот на “Медена земја” за феноменалниот успех. Македонија се промовира со дела, а ние сме горди на вас, напиша Мицкоски на својот профил на „фејсбук“.