Мицкоски: Писмото на Јанева се појави веднаш по средбата на Јовески со еден од адвокатите на Заев

0
99

Власта на нелегален и криминален начин преку оној допис на притвореничката Катица Јанева од затвор некако насила ги префрлија предметите во рамките на ЈО, без никаков закон, без никаков нотар да го потврди автентичноста на потписот на притвореничката Јанева, без судија да го одобри текстот, рече вечерва во емисијата „Отворено“ на телевизијата „24“ Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Според Мицкоски, Јовевски, определен период пред да засноваат редовен работен однос овие обвинители враќајќи се во матичните обвинителства, им додели овластувања да ги застапуваат предметите пред суд.

Мицкоски истакна дека според ова ако некој дава амнестија тоа е ова насилничка постапка која што ја спроведе Јовевски по налог претпоставувајќи од Заев.

Таа одлука стигна после онаа средба која што беше фотографирана и таа фотографија циркулираше во јавноста. Каде што добива консултации односно совети од еден од адвокатите на премиерот на државата. И веднаш потоа се случи она писмо, рече вечерва Мицкоски во гостувањето кај Младен Чадиковски, посочувајќи дека граѓаните гледаат како власта го амнестира криминалот и ги премолчува големите скандали што ја тресат Република Македонија.

Извор: republika.mk