Мицкоски: Ја прифаќам понудата за дебата со Заев, и за разлика од него без дополнителни услови и барања

0
52

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ја прифаќа понудата за дебата со претседателот на Владата Зоран Заев на телевизијата „Канал 5“, објави на фејсбук.

Очигледно на власта и гори под нозе и сметките не и се такви какви што ги прикажува во јавност. Добро е што по две директни прозивки премиерот конечно прифати дебата. Ја прифаќам понудата за дебата со Зоран Заев од Канал 5 телевизија, и за разлика од него без некакви дополнителни услови и барања, објави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го повикува Заев дебата да се случи што е можно поскоро и на неа да се разговара за актуелните теми.

Поразот на самоволието на Заевизмот е извесен!, порачува Мицкоски.

Извор: republika.mk