Наскоро ќе играме Super Mario на смартфон

0
112

Иако Nintendo долго време најавуваше проширување на платформите на кои ќе биде достапна играта Super Mario Kart, годинава тоа конечно ќе се оствари.

Точниот датум на објавување на играта не е познат, но се очекува тоа да се случи во март, а критичарите сметаат дека играта за кратко време ќе ги сруши сите рекорди.

Првата верзија на Mario Kart беше објавена во 1992 година и оттогаш е една од омилените на публиката.

Меѓутоа, само четири години подоцна беше објавена новата верзија под името Mario Kart 64 која стана уште попопуларна од претходната. Продадена е во повеќе од 10 милиони примероци.

Креаторите на играѕа сметаат дека со објавување на верзија за смартфони и iOS уште повеќе ќе ја зголемат популарноста на играта и ќе ги срушат сите рекорди поставени на Google Play и App Store.