Научниците открија: Еве од кога и зошто жените живеат подолго од мажите

0
65

Научниците откриле дека помеѓу 1800. и 1935. година, стапката на смртност кај жените започнала драстично да опаѓа побрзо отколку кај мажите.

Познат е фактот дека жените живеат подолго од мажите, но тоа не било така отсекогаш.

Ново истражување открило дека разликите во очекуваниот животен век на жените и мажите започнале да се појавуваат дури во 19 век, пишува LiveScience.

Научниците анализирале податоци за луѓе родени помеѓу 1800. и 1935. година, во 13 развиени земји. Откриле дека во тој период, стапката на смртност кај жените започнала да се намалува драстично побрзо отколку кај џентлмените, што довело до разлики што ги имаме денес. Тоа е релативно нов демографски феномен кој започнал да се појавува во 19 век. На пример, кај луѓето родени околу 1840. година, стапката на смртност кај жени и мажи била приближно иста. Но, веќе кај луѓето родени помеѓу 1880. и 1899. година, стапката на смртност кај мажи на возраст од 50. до 70. години била околу 1,5 пати повисока отколку кај жените.

Меѓу луѓето родени по 1900. година, стапката на смртност кај мажи на возраст од 50. до 70. години била скоро двојно поголема од онаа на жените на иста возраст. Најголемиот виновник за ваквата стапка на смртност кај мажите биле болести на срцето и крвните садови, токму тоа било причината кај 40. проценти од нив. Биолошки гледано, мажите се почувствителни на кардиоваскуларни заболувања, но тоа било забележано дури кога стапката на смртност започнала да се намалува од некои други причини, како што е на пример инфекција.

Исто така, телесните маснотии во машкото тело се дистрибуираат поинаку отколку кај женските, што доведува до различен модел на дебелина, што пак ги прави мажите со прекумерна тежина поранливи при промена на исхраната или нивоата на физичка активност.