Најреномираното регионално еСпорт натпреварување – Good Game доаѓа во Скопје!

0
71

Македонската престолнина Скопје за прв пат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б eСпорт настан – Good Game кој ќе се оддржи под покровителство на Samsung.

После Загреб, Белград, Љубљана, Берлин… и Скопје на 24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game, Б2Б натпреварување каде најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги „вкрстат силите“ за да го понесат лауреатот најдобри во играта „Counter Strike: Global Offensive“.

Настанот ќе се оддржи во INNO FEIT и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и секако, сите заинтересирани поединци кои би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг културата на посебен начин.

Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.

Good Game натпреварувањето кое е навистина ункатен спој на гејминг, нетворкинг и тим билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.

Организатор на настанот е компанијата Good Game Global од Хрватска, која досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како е-Спорт настани на годината. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.

Повеќе информации за самиот настан во Скопје може да се најдат на официјалната веб страница: https://good.game/skopje