На Дани Алвеш му го украдоа автомобилот од паркинг под закана со оружје

0
16

Долгогодишниот фудбалер на Барселона, Дани Алвеш, кој сега настапува во Сао Паоло, остана без своето возило.

Возилото на Алвеш е украдено на платен паркинг во реонот Пинејрос во Сао Паоло.

Како што пишува Globo Esporte, непознат маж дојде на паркингот и со оружје в рака ги натера чуварите да му ја предадат колата.

Алвеш случајот го пријави во полиција.

Извор: лидер.мк