На листата се најде и американскиот претседател: Ова се најлошите лозинки за 2018-та година

0
117

Голем број на луѓе и натаму не сакаат да се потрудат околу заштитата на нивните мејлови и разни кориснички сметки на интернет, па користат лозинки кои што може едноставно да се откријат.

Компанијата SplashData објави листа со најлошите лозинки кои што луѓето ги користеле во текот на 2018-та година. Листата е базирана на повеќе од 5 милиони лозинки кои што оваа година протекоа на интернет и во најголем дел од случаите, станува збор за добро познатите лоши лозинки.

Најлошата лозинка за која што е навистина неверојатно тоа што се користи и ден денес е “123456”, а втората најлоша лозинка е “password”. Станува збор за две лозинки кои што се наоѓаат на врвот на листата веќе пет години по ред.

Интересно е тоа што на листата со 25 најлоши лозинки оваа година се најде и името на американскиот претседател Доналд Трамп, па така 23-та најлоша лозинка е “donald”.

„Жал ми е господине претседателе, но ова не е лажна вест. Користењето на вашето име или некое друго познато име како лозинка е опасна одлука“, изјави извршниот директор на SplashData, Морган Слејн кој што додаде дека хакерите се многу успешни кога успеале да ги провалат лозинките користејќи ги имињата на најпознатите личности.

Најважната причина поради која SplashData веќе неколку години ја објавува листата со најлоши лозинки е да ги предупреди корисниците кои што и натаму користат вакви лозинки во иднина повеќе да се потрудат околу заштитата на своите профили на интернет.

Ова се 10-те најлоши лозинки за 2018-та година: