Незапамтен топлотен бран: Од денес ќе вријат повеќе градови

0
110

Метеоролозите најавија дека Европјани оваа цела недела ги очекуваат температури од 40 степени Целзиусови од топлотниот бран во јуни кој ќе зафати поголем дел од Европа.

Од Велика Британија, до Белгија и Грција, топлотниот бран ќе стигне од Магреб во Северна Африка и Шпанија со високи температури кои почнаа од викендот, а врвот се очекува од утре.

Во Германија метеоролозите предвидуваат температури од 38 во среда, а слично време се очекува и во Белгија и во Швајцарија.

Британскиот метеоролошки завод Мет Офис посебно е загрижен затоа што топлотните бранови може да поттикнат „силни бури“, па предупредил Британците да се подготват на „топло, влажно и нестабилно време“.

Грција ќе биде меѓу земјите најтешко погодени од топлотниот бран со температури до 39 степени.

И во Франција метеорологот Франсоа Гуранд најавува „невиден топлотен бран за јуни“. Температурите од утре во Франција ќе се искачат од 35 до 40 степени, па жителите нема да имаат олеснување, предивдуваат метеоролозите.

Доаѓањето на интензивните топлотни бранови покажуваат какво е влијанието на глобалното затоплување на планетите, а такви временски услови веројатно ќе има се почести.