Незири до Царовска: Реакцијата за насловот е карактеристика на политичари со диктаторски амбиции

0
155

Уредникот на СКУП, Џелал Незири, и одговори на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која реагираше на текст на Скуп, според кој таа затаила 1,3 милиони евра. Таа објасни дека станува збор за имот на родител со кој не живее.

Реакцијата за насловот е карактеристика на политичари со диктаторски амбиции. Ако барате да ги одредите насловите на текстовите на SCOOP, тогаш бујрум ќе ве вработиме како уредник. Но да знаете дека примањата се далеку помалку од министерските, напиша тој на својот твитер профил.