Нема да ве изневерат: На овие хороскопски знаци можете да им ги доверите најинтимните тајни

0
71

Во хороскопот има знаци во кои без размислување или двоумење можете да имате целосна доверба…

Од астролошка гледна точка, ако ви затреба, на овие три знаци може да им го доверите и вашиот живот, а тие нема да ве изневерат.

Скорпиите
гледаат сè црно и бело и затоа, ако сте им кажале нешто во доверба, можете да бидете 100% сигурни дека тие ќе ја чуваат тајната подобро отколку вие самите. Интроспективната, тивката и мистериозната Скорпија никогаш нема случајно да ја каже вашата тајна пред другите. Ако треба да му ги доверите вашите најинтимни работи на некого, тогаш тоа е дефинитивно Скорпијата.

Залудно не се вели – молчи како Риба. Бидејќи тие се такви, тивки, повлечени и способни да чуваат тајни. Тие се чувствителни и тоа ги наведува да ја третираат вашата тајна со претпазливост како големо богатство. Околу тоа ќе подигнат големи ѕидини и со години ќе истраат вешто да го чуваат она што им е доверено. Тие се добри слушатели и советници, така што ним можете да им ги доверите и вашите најинтимни тајни.

Лавовите се еден од најлојалните знаци во зодијакот. Тие се сигурни и нивните искрени пријатели секогаш можат да сметаат на нивната дискреција. Лавовите се малку погрешно обележани како самоопседнати, а всушност тие се само свесни за себе и за нивните квалитети и соодветно на тоа ги бараат и ги ценат своите пријатели. Ако сте нивни пријател, тоа значи дека сте ценети и бидете сигурни дека вашите тајни ќе останат безбедни, какви и да се.