Несторовски мора на операција, го пропушта Европското првенство

0
34

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде без еден од стандардните членови во првиот тим, затоа што Илија Несторовски ги доби најлошите можни вести и ќе мора да оди на операција, па го пропушта Европското првенство (ЕП).

Напаѓачот го повреди коленото на еден од тренинзите на Удинезе, а по деталните проверки, утврдено е дека лигаментите се потешко повредени, па така напаѓачот ќе мора да легне „под нож“ во Рим.

Несторовски беше стандарден избор во нападот на Ангеловски, со исклучок на мечот против Германија, на кој прилепчанецот не играше поради санкција од селекторот за пцовки на мечот со Лихтенштајн.

Местото во нападот на Несторовски се очекува да го заземе Александар Трајковски од Мајорка.