Никогаш нема да бидеш доволно добар за луѓето – Зошто толку се грижиш за нивното мислење?

0
30

Овде не е добро да бидеш паметен, да имаш што да кажеш, да имаш што да облечеш, да јадеш, да работиш, да заработуваш, да излегуваш, да зборуваш повеќе од мажот, да излезеш без мажот, да зборуваш воопшто, да се смееш, да не се смееш, да си го бараш своето, да не си го бараш своето, да си сам, да не си сам, да си слаб, да си дебел, да си роден, да не си роден, да си се развела, да си останал во брак…

На луѓето никогаш нема да им бидеш доволно добар.

Кога си добар, тогаш си наивен. Кога си наивен не чиниш, затоа што е подобро да бидеш итар. Кога си сам не е добро, затоа што треба да бидеш во брак. А потоа ти коментираат што мајка бараш да се венчаш, што ќе ти е брак? Па не чиниш зошто немаш дете, затоа што нема кој да те гледа во старост. Па зошто се запиша на тој факултет, нема леб од тоа. Па потоа не чиниш ако не се запишеш на факултет, затоа што тоа значи дека немаш памет.

На луѓето никогаш нема да им бидеш доволно добар.

Не чини кога се бориш, тогаш си бескрупулозен. Не чини кога не се бориш, тогаш си мекуш. Не чини кога збориш, затоа што тогаш се правиш паметен. Не чини кога молчиш, затоа што тогаш си мутав. Не чини кога си среќен, затоа што би требало да си тажен.

На луѓето никогаш нема да им бидеш доволно добар.

Ако седиш на кафе со друг маж, сигурно си курва. Ако секогаш те гледаат со твојот маж, гарант те контролира. Ако градиш кариера, не си посветена мајка. Ако не градиш кариера, ти си очајна домаќинка. Ако се грижиш за килограмите, ти си исфрустрирана. Ако не водиш грижа за килограмите и изгледот, тогаш си дебела и одвратна. Ако маж ти се грижи за тебе, тогаш сигурно е папучар. Ако не се грижи за тебе, тогаш сигурно е закоравен Балканец.

На луѓето никогаш нема да им бидеш доволно добар.

И сега, кога го знаеш сето ова, кажи ми зошто и натаму сѐ те боли и допира, зошто се правдаш? Зошто толку силно се трудиш да им се допаднеш, кога и покрај сѐ ќе најдат начин да ти го извалкаат името? Зошто со крајчето на окото ги следиш нивните реакции за твоите одлуки, брак, деца, килограми?

Најважно е да си се допаднете самите на себе, да се засакате себеси онака како што ви е најубаво вам!

Извор: скопјеинфо.мк