Николовски: Очекувам голема победа за СДСМ, а Заев е убедлив фаворит на изборите

0
80

Очекувам во оваа 2020 година да продолжат процесите кои гордо ги води СДСМ и кои значат подобар живот за сите граѓани, повеќе пари, повисоки плати, пензии, економски напредок и очекувам да продолжиме да градиме едно демократско општество кое силно чекори кон НАТО и ЕУ, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.

–СДСМ е фаворит на изборите и очекувам голема победа за нов, чист, 4-годишен мандат, поради повеќе факти и анализи: постигнатите резултати во изминатите 2,5 години, реализираните над 56 отсто на мерките од програмата, успехот на економските политики, земјоделските и социјалните политики, интензивното градење во инфраструктурата, локалниот развој, заокружените реформи во безбедноста, шампиони сме во енергетиката… – вели Николовски, потенцирајќи дека и сите анкети јасно покажуваат дека СДСМ на чело со Зоран Заев е убедлив фаворит на изборите.

Извор: лидер.мк