Николовски се фали дека нема да има вработување со врски, а тој го вработи својот брат во Царина

0
286

Љупчо Николовски денес како заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси во Влада гостуваше во емисија „Само интервју“.

Во своето гостување, велеше дека нема да дозволи вработување преку врски. Истиот Николовски заборави дека кога тој беше министер за земјоделие го вработи својот брат во Царина, и своите роднини од Крива Паланка ги вработи по државните институции.

-Во нашето општество се мора со протекции и врски, е баш против тие протекции и врски ќе се борам. И мислам дека ќе започнеме еден таков процес. Јас на мојот телефон имам дневно илјадници пораки за секакви ситни потреби на граѓаните. Граѓаните исто така се научени на тој начин за да можат полесно да сработат нешто, нагласи Николовски.

Но во ноември месец 2018-та година излезе голем скандал по медиуми, а тоа беше дека братот на тогашен министер за земјоделие, Љупчо Николовски, бил вработен на во македонска Царина.

Она што е поголем момент од непотизмот, е информацијата дека братот на Николовски неодамна отворил и фирма за шпедиција.