Новиот Плејстејшн 5 во ноември за 400 и 500 долари

0
23

Јапонската компанија Сони објави дека следната генерација на својата позната конзола за видеоигри, Плејстејшн 5 ќе ја пушти во продажба во ноември.

Јапонската компанија објави дека новата конзола ќе чини 499,99 американски долари за верзијата со диск-драјвер и, 399,99 долари без тој дел.

Уредот ќе се најде на пазарите во САД, Јапонија, Канада, Мексико, Австралија, Нов Зеланд и Јужна Кореја на 12 ноември, а во останатиот дел од светот, ќе биде достапна седум дена подоцна – на 19 ноември.