Новонастанатата ситуација прво удри врз грбот на работниците: Ќе има отпуштања и половина плата

0
56

Дел од домашните компании кои немаат доволно работа поради новонастаната ситуација на вработените им рекле дека ќе им ја намалат платата. Во некои ќе се работи со половина работно време и секако – за половина плата, пишува „Фактор“.

Работниците се избезумени – најмногу страдаат текстилните работници, вработените во чевларската индустрија и дел од вработените во секторот туризам. Тоа го потврдуваат и експертите.

Од Фајнанс тинк велат дека ефектите од ширењето на коронавирусот за нашата
економија се разновидни, а меѓу нив е секако и отпуштањето на работници, пишува
„Фактор“.