Обвинителството против Пендаровски: Не било време да се напаѓаат институциите за „Рекет“

0
37

По вчерашната пресконференција на која претседателот Стево Пендаровски, професионално застана во одбрана на државните интереси и повика на разрешница за аферата „Рекет“, Јавното обвинителство испрати соопштение преку кое го повикуваат претседателот да ги натера пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство.

Јавното обвинителство укажува дека не е време за напади на институциите и оти нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите, преку соопштение испратено до медиумите.

– Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за да го заштити од притисоци ќе беше реална, доколку повикаше пратениците да го изгласаат Законот за јавното обвинителство и доколку дадеше поддршка за зајакнување на капацитетите на обвинителството за поефикасна борба против криминалот и владеење на правото. – се наведува во соопштението.

ЈОРСМ ја уверува јавноста дека за посочениот предмет „Рекет“, се постапува неселективно и навремено, според утврден план на истрагата и дека сите инволвирани во кривични дела ќе бидат сослушани или испитани и ќе одговараат согласно законот. ЈОРСМ уште еднаш потенцира дека подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите.

Пендаровски побара и политичка одговорност за „Рекет“: Претседателот призна дека Јанева, Заев и луѓе околу нив се криминалци?!