Одлична вест: Дибиров останува во Вардар, клубот ќе биде спасен!

0
22

Рускиот репрезентативец, Тимур Дибиров, по се излгеда ќе остане во Вардар во следната сезона. Вардар викендов стигна до втората европска круна откако во финалето го совлада унгарски Веспрем (27-24).

Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.

„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.

Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.