Одлука на УЕФА-Европското во фудбал се одлага за една година

0
19

Европското првенство во фудбал, што требаше да се одржи летово, се одлага за една година, заради пандемијата со корона вирусот. Ова е едногласна одлука на 55-те федерации членки на УЕФА.

Првенството ќе се одржи меѓу 11 јуни и 11 јули 2021 година.

Евро 2020 требаше да се одржи во 12 градови во цела Европа, вклучувајќи ги и Италија, Шпанија, Германија и Франција, држави кои се најпогодени со пандемијата.

Извор: лидер.мк