Опкружена со пет мориња, во неа луѓето живеат долго и без болести: Дознајте која е најздравата земја на светот

0
229

На второто место е Исланд, на третотот место Швајцарија додека пак на четвртото и петото место се наоѓаат Сингапур и Австралија.

Доколку сакате да живеете што подолго, сè што треба да направите е да се преселите во Италија.

Оваа медитеранска држава опкружена е со пет мориња и е означена како најздрава земја на светот според Блумберг Глобал здравствениот индекс од 163 земји. Така бебињата родени во Италија може да се очекува да живеат до осумдесетти години.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји на светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, речиси 40 % од младите се невработени, а земјата има големи долгови.

Наспроти сè, Италијаните се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците кои во голем број патат од висок крвен притисок и холестерол.

Италијанската кујна има голема заслуга за доброто зравје на својата нанција. Тука е и медитеранската храна, богата со зеленчук и маслиново масло кое Италијанците го обожуваат.

Во меѓувреме, 4.500 километри појужно во Сиера Лорен, едно новородено дете во просек може да живее 52 години, пишуваат од „The Independent“, што ја прави оваа земја најлоша за живеење според оваа листа.

Секоја држвата оценета е врз основа на очекуваното траење на живот, причините за смрт и здравствениот ризик, како висок притисок, пуѓење, глад и пристап на вода.