Орбан: Луѓето кои не напаѓаат за Груевски се идентични како оние кои ја поддржуваат миграцијата

0
2081

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан рече дека луѓето кои ја напаѓаат Унгарија за давање азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски се „идентични” со оние луѓе и организации кои ја поддржуваат миграцијата, пренесува thehungaryjournal.

Најкритичните организации за унгарската Влада во врска со случајот се во џебот на американскиот милијардер Џорџ Сорос, рече тој. Откако Груевски, како премиер, презеде тешка акција против мрежите на Сорос во Македонија, “го следат неговиот живот”, додаде тој. За Груевски рече дека бил првиот политичар на Балканот кој изгради ограда и ги запре мигрантите, за што Унгарија, исто така, даде помош.

Орбан рече дека по европските парламентарни избори ситуацијата ќе се смени.