Орце Камчев и Ана Камчева во петок треба да сведочат за „Рекет“

0
6

Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева во петок треба да се појават во суд како сведоци на Обвинителството против сега веќе двајцата обвинети за случајот „Рекет“, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13.

Според обвинението, Бојан Јовановски им барал пари, прво на Камчева, а потоа и на бизнисменот и му ветувал дека ќе влијае на обвинителката на Јанева за да го запре случајот „Империја“ што го отвори СЈО против бизнисменот Камчев.

Третобвинетиот Зоран Милевски – Кичеец на денешното прво рочиште призна вина, а Јанева и Јовановски рекоа дека воопшто не чувствуваат виновни и својата невиност ќе ја докажуваат во текот на судскиот процес.

Извор: лидер.мк