Официјално: Научниците открија нова Земја во нашата галаксија (ВИДЕО)

0
92

Вселенскиот телескоп Кеплер од НАСА откри планета слична на нашата Земја која кружи околу својата блиска ѕвезда во Goldilocks зоната погодна за живот која се наоѓа во нашата галаксија.

Kepler-186f е околу 500 светлосни години оддалечена од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Лебед. Зоната погодна за живот, наречена Goldilocks зона, е област околу ѕвезда во која кружат планетарни објекти кои имаат доволно атмосферски притисок за на своите површини да одржуваат течна агрегатна состојба на водата.

Иако е проектирано дека постојато најмалку 40 милијарди планети со големина на нашата Земја кои гравитираат во нашата галаксија Млечен пат, оваа специфична планета со големина на нашата е откриена во споменатата зона погодна за живот.

Освен Kepler-186f, има уште 4 други планти кои кружат околу блиската ѕвезда во системот во кој се наоѓа Kepler-186f. Тоа значи дека ако блиската ѕвезда околу која кружи оваа планета е слична на нашето Сонце, со тоа се зголемува и веројатноста за можност за живот на истата.

Ѕвездата која се наоѓа во близина на Kepler-186f има половична маса и големина од нашето Сонце и генерира само една третина од енергијата која ние ја добиваме од Сонцето. Kepler-16f го обиколува своето Сонце за 130 дена.