Оштетен автомобилот на пратеничка од независната група на ВМРО-ДПМНЕ

0
119

Додека се чека седницата на која треба да се изгласа Законот за Јавно обвинителство, на паркингот пред Собранието бил оштетен автомобилот на пратеничката од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Емилија Александрова.

Пратеничката ја потврди информацијата, додавајќи дека е повикана полиција и дека сега ќе се врши увид. Како што ни посочи Александрова, автомобилот бил изгребан од двете страни

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата претходно преку соопштение се изјасни дека ќе гласа позитивно за Законот за Јавно обвинителство.

Извор: www.24.mk