Павле Трајанов: Со бегството на Мијалков е загрозена Владата, главен виновник е Заев

0
25

„Со овие случувања загрозена е Владата. Владата е во исклучителна сложена состојба, во криза условно кажано. И како ќе се менаџира овој процес времето ќе покаже. Тоа е една димензија, јас анализирајќи ги барем досега присутните информации објавени, јавни информации од јавноста, мислам дека ние имаме системска грешка во целиот систем, не функционира. А, за нефункционирање на системот првенствено е одговорноста кон Владата“, нагласи Павле Трајанов во јавување за „Утрински Брифинг“.

Трајанов додаде дека главниот виновник за нефункционирање е токму Зоран Заев.

„Виновникот е претседателот на Владата, бидејќи тој систем мора да се постави и да функционира, и во услови на криза, и во вакви услови кои навистина личат на криза, бидејќи е загрозена националната безбедност на нашата држава“, истакна Трајанов.

Трајанов посочи дека институциите не функционираат самостојно, тие се под директна контрола од извршната власт. И поради тоа се случува тешки криминалци да бегаат од земјата.