Пандов: Жаре откако си сврши со Заев, преку Боки Тредичи, годинава си изгради хотел на Халкидики

0
733

Аналитичарот Александар Пандов преку својот фејсбук профил запраша дали специјалната јавна обвинителка која го води случајот „Империја“, Лиле Стефанова, за време на петчасовниот исказ во Јавното обвинителство зборувала околу вмешаноста на ексдиректорот Жарко Луковски, кој се споменува во аудио снимките кои беа објавени во италијанските медиуми, а се поврзани со случајот рекет.

Пандов напиша:

Многу ме интересира дали денес тапираната Лиле Стефанова, дала било каков исказ околу Жаре и како успел тој преку Боки Тредичи да си заврши работата, плус како тврди Боки и да си заврши со Заев уште многу други големи работи?

Да ве потсетам, Жарко Луковски после доаѓањето на власт во 2006 година на ВМРО-ДПМНЕ, не затоа што трчал по терен и убедувал луѓе,не затоа што одел по дебати или пишувал промотивно за ВМРО или контра СДС, не затоа што бил некој докажан вмровец или патриот, туку само затоа што му бил другар, а подоцна и кум, Сашо Мијалков, станува директор во Т-Мобајл. Како предходно, така и за време на неговото 11 годишно директорување, ликов нема кажано една дума про ВМРО, што ваљда е и нормално, па не го личи од позиција на таков директор. Истата фунција ја има извршувано за месечен надомест од 30.000 еура! Меѓутоа тоа му било малку, па во 2011 година за легализација на базните станици, од како цел тим на експерти во Т-Мобајл ја завршуваат целата документација за 3.000 еура по станица, Жаре одлучува наместо истата да ја однесе некој негов вработен во Архивата на Министерството за транспорт и врски, тоа да го направи Бетон, за 9.800 еура по станица, како и 2.500 евра за докомплетирање на документација за други стари базни станици. Направена е штета од над 3.500.000 еура. Боки Тредичи, Катица Јанева и Зоран Заев викаат нема штета. Лиле Стефанова што вика, има или нема?

Мојот другар и брат Ламбе Арнаудов, како куче со лисици на раце го шетаа по плоштад и цело ЕСМ, затоа што направил дигитализација со фирма од надвор и човекот одлежа 4 години затвор. Да не потсеќам дека исто ко Жаре, така и Ламбе доби помилување од претседателот Иванов, меѓутоа истото имало техничка грешка, па од како го пуштија надвор, пак го собраа внатре.

Како и да е, Жаре од како си сврши со Заев, преку Боки Тредичи, онака најпатриотски, годинава си изгради хотел (EOS Luxury Suites) во Криопиги, Халкидики. Додека браќата Горан, Игор, Митко, Јане драпаат робија, македонче скенира фискални сметки, овој си лади муда во сопствениот му хотел! Да ви се мочам на ваквата правна држава, да ви се изнамочам. Ваквите ликови како овој, кога ќе дојдам на власт нека не чекаат марица да дојде да ги собира, сами нека си доаѓаат во Шутка!

#ЧеСиЛежите

#НемаПравдаНемаМир

Извор: republika.mk