Пендаровски: На сите средби со државници од Јужна Америка, ќе викам Јави се Јужна – север те бара

0
33

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, во „Еден на Еден” кажа топ 5 причини зошто тој треба да е претседател на Македонија:

  1. Јас сум единствен кандидат за кој што можете да гласате без да заокружите бројка, туку буква – закоружете ја буквата з!
  2. На сите средби со државници од Јужна Америка, ќе викам Јави се Јужна – север те бара!
  3. Како што знае моето друштво за бриџ, Стево Пендаровски не губи два пати по ред.
  4. Бидејќи Стево Пендаровски е човек со став! Поради тоа што Стево Пендаровски е чесен човек! Поради тоа што ако го изгласате за претседател, Стево Пендаровски ќе престане да зборува во трето лице за себеси…
  5. Ќе ја гурам држава напред, човек што има југо навикнат е да гура!

Извор: lider.mk