Постигнат договор: Големата ѕвезда на Ајакс пристигнува во Челзи

0
14

Медиумите во Холандија пренесуваат дека ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијех од следната сезона ќе игра во Челзи.

26-годишниот Мароканец игра фантастично во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а следна дестинација најверојатно ќе биде Премиер лигата.

Имено, Челзи и Ајакс постигнале комплетен договор за трансферот кој треба да изнесува 50 милиони евра со вклучени бонуси.

Лампард е во потрага по креативен играч за врска и првата желба му беше току Зијех. Мароканецот оваа сезона покрај 8-те гола запиша неверојатни 21 асистенција.

Нема сомнеж дека Мароканецот ќе биде големо засилување за „сините“ кои на лето сакаат значително да го засилат тимот.