Почина легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ

0
67

Легендарниот хрватски ракометар Златко Сарачевиќ (59) почина во болницата во Копривница откако му се слоши по победата на Подравка над Локомотива.

Хрватските медиуми пишуваат дека на Сарачевиќ му се слошило додека давал изјава за медиумите, па наместо да продолжи со своите ракоемтарки на прослава, заминал дома со голманската тренерка Барбара Станчин. Му се слошило на семафор и Барбара веднаш повикала брза помош, пишува Подравски список.

Лекарите од ургентниот центар во Општата болница во Копривница го реанимирале цели 40 минути, но за жал, можеле само да констатираат смрт.

Пред да биде пренесен во болница, Сарачевиќ беше пресреќен со победата на неговиот тим, кој дојде на чекор до титулата.

Честитки за девојките кои го издржаа сето ова. Морам да признаам дека притисокот беше ненормален. Најважно беше да ги смириме девојките бидејќи од една страна бевме во тешка ситуација што се однесува до Лигата на шампионите и тие порази функционираа. Беше вистинско дерби, Локомотива е вистински тим со седум освојувачи на бронзени медали и штета што немаше публика да види еден супер квалитетен натпревар. На крајот, тие ја решија нашата ширина и квалитетот што сè уште го имаме – рече Сарачевиќ.