Првичните резултати од обдукцијата ги откриваат причините за смртта на Гру

0
37

Првичните резултати од обдукцијата откриваат дека раперот Далибор Андонов Гру се удавил, но претходно бил парализиран по силен удар. Како што пренесува српски „Пинк“, ветрот го носел падобранот за кој бил закачен Гру, и притоа раперот неколку пати силно удрил во вода. Силните удари му го скршиле ‘рбетот на две места, по што дошло до давење.

Несреќата во која загина познатиот 46-годишен рапер се случи вчера во Земун.

Гру ќе биде погребан во четврток во Белград.