Прв поглед во филмскиот римејк на „Aladdin“

0
82

Disney ги објави првите фотографии што нудат можност да ѕирнеме во филмската верзија на еден од омилените анимирани филмови од 90-тите – „Aladdin“.

Со Вил Смит во улогата на Духот, Мена Масуд како Аладин и Наоми Скот како принцезата Јасмин, играниот филм во режија на Гај Ричи нуди цел еден шарен и волшебен свет.

Во оригиналот од 1992 година, Јасмин го има само тигарот Раџа за најблизок пријател, а во играната верзија ја има и пријателката Далија (Насмин Пендрад).

Ликот на злобниот султанов советник Џафар го игра Марван Кензари.

Премиерата на филмот е закажана на 24 мај, 2019 година.