Потребни состојки:
- 100 г путер
- 170 г шеќер
- 2 јајца
- 260 г брашно
- 30 г овесни снегулки
- ½ прашок за печиво
- Прстофат сол
- 60 мл сок од лимон
- 250 мл млеко
- 3 лажици суво грозје
- Глазура од лимон
- 70 г шеќер во прав
- 5 лажици сок од лимон
- Неколку капки масло
Начин на подготовка:
Изматете го путерот и шеќерот со миксер и додајте јајца. Полека додавајте ги и останатите состојки, а смесата изматете ја со миксер.
Во калап за мафини ставете корпи и додајте од смесата.
Печете ги на 170 степени околу 20 минути. Откако малку ќе се изладат, прелијте ги со глазура од лимон.
Глазура од лимон: со миксер изматете шеќер со 4 лажици сок од лимон и неколку капки масло, а по потреба додајте малку сок од лимон за да глазурата биде течна.