Приведен крадец од Гостивар

0
18

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 19.30 часот, на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, го лишиле од слобода 22-годишниот гостиварец Ф.Н., поради сомнение дека во последниве два месеца во Гостивар извршил пет кражби и тешки кражби, од кои три во моторни возила, информира МВР.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.