Принцот Хари и војвотката Меган го загубија правото на кралските титули

0
37

Принцот Хари и војвотката Меган го загубија правото на кралските титули, пренесуваат светските медиуми повикувајќи се на информации од Бакингамската палата.

Тие понатаму нема да можат да ги користат титулите и двојката веќе нема да ја претставува британската кралица.

Исто така ќе ги загубат сите пари што ги добиле како членови на кралското семејство, јавија британските медиуми, а пренесува „Индекс.хр“.

Меган и Хари претходно се откажаа од кралските должности, а ова е конечниот исход од нивната непоколеблива одлука.

Извор: лидер.мк