Пронајдена голема палата на Маите кај Канкун

0
31

Археолозите пронашле голема палата која ја користеле Маите пред повеќе од 1.000 години во стариот град Кулуба, во близина на денешното модерно летувалиште Канкун во источно Мексико.

Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека остатоците кои се високи шест метри, 55 метри долги и 15 метри широки, укажуваат дека палатата била создадена во два долги периоди меѓу 600 и 1.050 година, јавува Ројтерс.

Цивилизацијата Маи на врвот е меѓу 200 и 900 година и опфаќала големо подрачје на денешно јужно Мексико, Гватемала, Белизе и Хондурас.

Покрај палатата, археолозите истражуваат уште некои наоѓалишта меѓу кои олтар и остатоци од две станбени градби.