Пронајдок,кој чини 10 евра: Ученици измислија детектор за контаминирана храна

0
38

Детектор за контаминирана храна конструираа средношколците Златко Миленков и Душко Ѓорѓиев од Електро-машинското училиште „Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци. Нивниот професор, Димитрија Ангелков за МИА појасни дека станува збор за сензор кој се поврзува на мобилен телефон и има можност да провери дали одредена храна е радиоактивна.

-Ова е интересен пронајдок што може да има широка примена за заштита на здравјето на луѓето. Чини само десет евра, а врши голема работа. Морам да нагласам дека со него, тие освоија златен медал на манифестацијата „Макинова” што се одржа при крајот на минатата година, во категорија на младинско творештво, информираше професорот, кој исто така има бројни иновации.

Ученичката Ивона Јаневска добила признание-плакета за млад иноватор за нејзиниот проект „Волан за симулација на видео игри“.

Од германската фабрика „Дрекслмаер“ велат дека и понатаму ќе градат партнерски однос и ќе ги поддржуваат училиштето и учениците, како дел од проектот за дуално стручно образование.

Извор: лидер.мк