ПРОФИТИРААТ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО: Маските за заштита од корона вирус 300 денари, Владата не реагира

0
39
1201966999

И додека во Македонија е регистриран првиот случај на корона вирус, наместо достапност на неопходниот материјал маските достигнаа цена до 300 денари.

Ако најевтините маски беа околу 50 денари, а оние кои нудат поголема заштита околу 150, сега дотигнаа цена од околу 300 денари.

Дополнително е проблем што граѓаните се жалат дека не можат да дојдат до маски. Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека ги има сите потребни материјали.