’Пу, јаз’к!‘“, Фатиме ја плукнала Катица преку камера

0
102

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи по наредба на Специјалната обвинителка Катица Јанева била два пати денеска претресувана при влез на своето работно место во СЈО. Кога полицаецот на влезната врата и објаснил дека има наредба од Јанева да го претресе секој вработен, при секој негов влез во зградата на СЈО, Фетаи, велат очевидци на настанот, се шокирала и реагирала многу бурно.

„По вториот претрес, обвинителката Фетаи првин луто гледаше во безбедносната камера, која е поврзана со канцеларијата на шефицата Јанева. Беше многу навредена. Потоа ја плукна камерата и рече: ’Пу, јаз’к!‘“, тврдат за СДК очевидци на настанот.