Реакции по пресудата за Кичеец во Рекет: Ваков криминал е поисплатлив, трезористот од НЛБ доби 9 години затвор за слична сума

0
54

Трезористот од НЛБ доби 9 години затвор за слична сума. Испаѓа ваков криминал е поисплатлив, коментира на Фејсбук Ивор Мицковски, откако денеска на пладне судот ја изрече првата казна за случајот „Рекет“.

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Милески е осуден за кривично дело примање награда за противзаконско влијание за која е предвидена казна затвор од 1 до 10 години.

„Трезористот од НЛБ доби 9 години затвор за слична сума. Овдека се имаат сомнежи и за политички инволвирани, рекетирале преку Обвинител на СЈО, фатени се како изнесуваат пари. Испаѓа ваков криминал е поисплатлив“, пишува Мицковски.

Покрај Мицковски, на социјалните мрежи кружат и други фотографии и реакции од јавноста која негодува за одлуката на судот и премалата казна што ја доби Кичеец. ВО продолжение Ви пренесуваме дел од истите:

„Изрекетирај милиони, ќе те осудат 3 години затвор и коа ќе излезеш животот среден. Мерак држава, мерак закони. Вукојебина“, напиша Јандриоски.

„И све по ЗАКОНУ! За то сам први, не би било ове крви да је било све по закону“ #ЈерЧастЈеЧастАВластЈеВласт“, напиша Апасиев